АГРОИНДУСТРИЈА АГИС ДООЕЛ

Компанијата АГРОИНДУСТРИЈА АГИС ДООЕЛ СКОПЈЕ е формирана 1998 година и успешно работи повеќе од 19 години

ул: Никола Русински бб ДТЦ, 1000 Скопје, Македонија

+389 (0)2 0000 000
+389 (0)2 0000 000

АГРОИНДУСТРИЈА АГИС ДООЕЛ

Добредојдовте

АГРОИНДУСТРИЈА АГИС изведува пумпни станици за водоснабдување, сервисирање и одржување на електромашинска опрема за пумпни системи, продажба и монтажа. Во досегашното работење најголем ангажман претпријатието имаше во полето нa инженерингот за изведба на комплетни пумпни станици при што увозната опрема е од реномирани производители. АГРОИНДУСТРИЈА АГИС важи за сериозна фирма која е екипирана со стручен кадар. Имаме долгогодишна соработка со реномирани производители кои досега успешно се презентирани на Технома саемот во Скопје. Основна дејност на фирмата е проектирање, испорака, монтажа, одржување, сервисирање и обезбедување резервни делови за пумпи, пумпни станици, водоводна арматура и електомотори.

Успешното работење на АГИС во изминативе две децении е резултат на професионалниот однос и експертизата на своите вработени, но и определбата на избор на материјали и опрема со врвен квалитет. Во рамките на административно – комерцијалниот сектор функционираат финансиско и комерцијално одделение. Комерцијалното одделение (продажба, маркетинг и логистика) го раководат лица со повеќегодишно искуство и лиценци согласно светските трендови. Производно-сервисниот сектор вбројува висококвалификуван тим предводен од дипломирани инженери, согласно профилот на сегментот во кој можеме да ги пресретнеме сите Ваши барања.